Сашко Кедев во Гинисовата книга на рекорди: На 63 години ги искачи сите 14 осумилјадници

Македонскиот кардиолог и планинар проф. д-р Сашко Кедев официјално е признат од Гинисовата книга на рекорди како највозрасниот човек што ги искачил сите 14 планински врвови повисоки од 8.000 метри. Подвигот го завршил на 63 години и 14 дена.
Фото: Кабинет на претседател
  • едев е првиот Македонец што ги искачил сите 14 осумилјадници во светот.
  • Рекордот го заокружил на 20 јули 2025 година, на врвот Гашербрум I во Пакистан.
  • Гинис го признава и како највозрасен човек што ги завршил двата големи планинарски предизвика – 14-те осумилјадници и „Седумте врвови“.

Сашко Кедев доби официјално признание од „Guinness World Records“ за својот планинарски подвиг, со кој испиша ново поглавје во македонското планинарство. Признанието го објави Федерацијата за планинарство, упатувајќи му честитки за постигнатиот резултат.

Слушнете го Канал 77 радио во живо онлајн!

Од Еверест до Гашербрум I – 16 години планинарски предизвик

Патот на Кедев кон освојувањето на сите 14 врвови повисоки од 8.000 метри започнал на 19 мај 2009 година, кога се искачил на Монт Еверест. Предизвикот го завршил на 20 јули 2025 година, со искачувањето на Гашербрум I, висок 8.080 метри, во Пакистан.

Во моментот кога го комплетирал подвигот, Кедев имал 63 години и 14 дена. Со тоа станал највозрасниот човек во светот што ги искачил сите 14 осумилјадници, според признанието на Гинис.

Федерацијата за планинарство посочува дека Кедев е признат и како највозрасниот човек што ги комплетирал двата големи планинарски предизвика – искачувањето на сите 14 осумилјадници и „Седумте врвови“, односно највисоките планини на седумте континенти.

„Рекордот на д-р Кедев е гордост за целото македонско планинарство. Тој покажа дека за големите соништа никогаш не е доцна и дека со упорност, дисциплина и почит кон планината, и највисоките врвови во светот се достижни. Неговиот пат е инспирација за секој член на нашите клубови – од најмладите до ветераните.“ – ова е пораката на Даниело Божиновски, претседател на Федерацијата за планинарство, кој му упати честитки на Кедев за признанието и му посака уште многу безбедни искачувања.

Слушајте го Канал 77 радио во живо КЛИКНЕТЕ ТУКА

(Каровски М.)

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ