Лишен од слобода 28-годишен скопјанец, го запалил возилото на мајка му, следува пријава.
-На 19.11.2026 во 06:30 часот на ул.„Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.Ф.(28) од Скопје. Тој се сомничи дека околу 05:50 часот на подрачјето на Чаир опожарил возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на неговата мајка, а се заканувал дека ќе го запали и станот во кој живеат. Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.






