Касинос Австрија Интернешенал Македонија со поддршка за меѓународниот танцов натпревар „Macedonia open 2026“

Скопје на 21 и 22 ноември беше домаќин на врвни танцови спортисти од целиот свет. Меѓународниот натпревар „Macedonia Open 2026“, во рамки на кој се одржа и WDSF World Open Adult Latin, го претвори спортскиот центар „Јане Сандански“ во сцена на врвна танцова уметност, спортски дух и интернационално дружење.

Настанот, организиран од Танцовиот спортски клуб „Прима Данца“ и Танцовата спортска федерација на Македонија, обедини 257 спортисти од 25 земји, кои настапија во повеќе меѓународни, отворени и соло категории.

Посебно внимание привлече натпреварувањето WDSF World Open Adult Latin, во кое учествуваа 37 танцови двојки, односно 74 натпреварувачи од 19 земји. Со тоа, Скопје уште еднаш се позиционираше како домаќин на значајни меѓународни спортски настани, кои ги поврзуваат различните култури преку универзалниот јазик на танцот.

Касинос Австрија Интернешенал Македонија и годинава со гордост ја поддржа реализацијата на овој настан, потврдувајќи ја својата посветеност кон поддршката на културата, уметноста и спортот, како важни сегменти од општествениот живот.

„Вистинската уметност ги обединува луѓето, а танцот зборува на јазик што сите го разбираме. Поддршката на вакви настани е дел од нашата определба да придонесуваме за развојот на културниот и спортскиот живот во Македонија и регионот“, порачуваат од Касинос Австрија Интернешенал Македонија.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ