(Видео) Пукање во школо во Крагуевац, има ранети

Фото: Инстаграм видео

Во Техничкото училиште во Крагуевац утрово околу 8 часот имало пукање, едно лице е повредено, а напаѓачот е совладан.
Според првичните информации, 17-годишен ученик од тоа училиште пукал во членка на помошниот персонал и ја ранил во ногата. Благодарение на брзата реакција на полициската патрола што се наоѓала во непосредна близина, избегната е поголема трагедија, а напаѓачот веднаш бил совладан и приведен. Ученик влегол во училиштето со малокалибарско оружје и пукал во вработените кои во тој момент се нашле во холот и просториите на зградата. Во таа прилика, била погодена хигиеничарка.

Повредената жена е пренесена во Универзитетскиот клинички центар во Крагуевац и според првичните информации од терен, ранетиот работник не е во животна опасност.

Учениците веднаш се пуштени дома, целата населба околу Првото техничко училиште во Крагуевац моментално е под целосна полициска блокада, додека форензичките експерти и инспектори спроведуваат истрага. во тек е полициска истрага, пренесува Б92

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ