Запленети 5000 штеки цигари во вредност од девет милиони денари на „Богородица“ – Притвор за српски газда

Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против српски државјанин, осомничен дека сторил кривично дело – Криумчарење, предвидено во член 278 став 2 од Кривичниот законик.

-Осомничениот, преку царинската линија на  граничниот премин „Богородица“ на влез земјава, во камион на српска фирма на која бил сопственик, пренел непријавена стока 5000 штеки цигари од  трговските марки “Marlboro”, „Davidoff“ и „Winston“ кои биле ставени  во 100 картонски кутии без ознаки. Вкупната вредност на цигарите е значителна и изнесува околу од 9.000.000 денари. Цигарите се обидел да ги пренесе во камионот, декларирајќи дека пренесува пропиленски гранулати, но помеѓу пријавената стока во приколката царинските службеници во предниот дел и во средината на приколката ја пронашле и непријавената стока која веднаш била одземена, информираат од ОЈО.

Јавниот обвинител дo судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности кои очигледно укажуваат на опасност од бегство.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ