Уапсен Драган Ј. Вучиќевиќ, газда на „Информер“ за предизвикување паника, нереди и попречување на правдата

Фото: Јутјуб

Сопственикот на телевизијата „Информер“, Драган Ј. Вучиќевиќ, денеска е уапсен по наредба на Второто основно јавно обвинителство во Белград.

Како што јавија српските медиуми, Вучиќевиќ е уапсен поради предизвикување паника и нереди подолг временски период и попречување на правдата.

Шефот на пратеничката група „Александар Вучиќ – Србија победува“, Александар Вучиќ, ја соопшти оваа информација во парламентот.

– Сопственикот на „Информер“, Драган Ј. Вучиќевиќ, штотуку е уапсен – рече Вучиќ.

Пратениците од мнозинството ја поздравија оваа информација со аплауз.

Повеќе детали се очекуваат подоцна. МИА

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ