Момче(19) со „јагуар“ предизвикало сообраќајка и си продолжило по патот Тетово-Гостивар

Полиција | Фото: Каровски Мартин
Полиција | Фото: Каровски Мартин

Момче од само 19 години со „јагуар“ предизвикало сообраќајка и побегнало.

-СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.П.(19) од с.Пирок, општина Боговиње, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност”. На 25.07.2026 на патот Тетово-Гостивар, пријавениот со патничко возило „јагуар”, кое го управувал, удрил во патничко возило „фолксваген голф”, кое го управувал Ф.Р.. Од ударот возилото „голф” излетало од патот и се превртело, а пријавениот продолжил со движење со своето возило, информираат од МВР.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ