Одделението за внатрешни работи Берово поднесе кривични пријави против Ј.М.(50) и Б.М.(45), двајцата од Берово, поради постоење основи на сомнение за извршени повеќе кривични дела.
-Врз основа на претходно добиени оперативни сознанија, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Берово на 25.11.2026, со судска наредба, извршија претреси на три локации во домовите и други простории кај пријавените. Притоа, пронајдени се и одземени 16 уметнички слики, златен и сребрен накит, часовници, разна бижутерија, платежни картички, повеќе мобилни телефони и парични средства во висина од околу 8.000 евра за кои постои сомнение дека потекнуваат од повеќе кражби и тешки кражби извршени на подрачјето.
При претресите е откриен случај на „фалсификување пари”, односно пронајдени се 26 фалсификувани банкноти од по 50 евра со ист сериски број.
Додека, при преземање мерки, расчистен е и случај на „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем”, во кој со две туѓи банкарски картички од банкомати лицата подигнале вкупно 50.000 денари, информираат од СВР Штип.








