Вработени во ЈСП затекнати при кражба на нафта од гаражите во Ѓорче Петров

Вработени во ЈСП затекнати при кражба на нафта од гаражите во Ѓорче Петров, вели во пост на Фејсбук градоначалникот н Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

-Вечерва, внатрешната контрола на ЈСП затекна вработени како крадат значително количество нафта од гаражите на претпријатието во Ѓорче Петров. Веднаш е повикана полицијата. Вработените ќе бидат отстранети од работа, а очекувам Обвинителството да отвори постапка и секој за кого ќе се утврди одговорност да одговара пред законот. Почитувани скопјани, токму за ова зборувам кога велам дека градот со години бил системски уништуван. Секој литар нафта во тие гаражи е платен со ваши пари за автобусите на ЈСП да ве однесат на работа, на училиште и дома. Моја обврска е да го чувам секој ваш денар. Кој и да посегне по него, ќе биде санкциониран. Без исклучок! Денес, за разлика од минатото, жестоко се постапува против криминалот!Само со удар во чело, можеме да се избориме против корумпираните кои го уништуваат нашето и ваше Скопје, пишув градоначалникот.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ