(Видео) Свадба со 400.000 гости, 500 готвачи и поворка од 200 возила -Како индиски политичар ја мажеше ќерката

Свадбата во Индија, организирана од политичарот Анант Синг за неговата ќерка Шиванги, се одржа во среда во Надаван, селото каде што е роден, во државата Бихар. Локалните извештаи зборуваат за околу 400.000 гости, додека некои медиуми ја посочуваат бројката до еден милион.

Цената на прославата се проценува на 6,5 милиони фунти, или околу 7,8 милиони евра. Сметката вклучува пет хелиодроми, 500 готвачи, половина милион слатки и поворка од 200 возила. Свабата беше споредена со боливудска продукција.
Политичари, локални личности, обожаватели на Синг и илјадници жители присуствуваа на приемот. Улиците околу местото на настанот беа толку полни што многу гости беа блокирани, пренесува е-радио.гр.


Еден политичар кој се заглави во сообраќај го напушти својот автомобил и се возеше со трактор низ полињата за да стигне на време. Некои од сватовите пристигнаа по воздушен пат. За таа цел беа поставени пет хелиодроми, а хеликоптерите кренаа густи облаци прашина над толпата.


Според блиската соработничка на Синг, Муна Синг, биле поделени околу 500.000 традиционални слатки. Вегетаријанското мени го подготвиле 500 готвачи и помошници.
Програмата вклучувала коњска трка со 200 коњи, која на крајот била откажана. Многумина се обиделе да видат одблизу качувајќи се на дрвја и електрични столбови, ризикувајќи ги своите животи. Декорациите вклучувале цвеќе увезено од Кина,а имло и спектакуларен огномет.


Шиванги Синг се омажила за Ришикеш Кумар, син на командант. Невестата пристигнала во БМВ, додека младоженецот пристигнал во конвој од околу 200 автомобили.

Подароците на невестата вклучувале бел „ленд ровер дефендер“, златен ланец од 100 грама и златна нараквица од 80 грама.

Видеата на социјалните мрежи покажуват како гостите користат чаши наместо чинии, ги потопуваат рацете во котли и вадат храна од картонски кутии. Еден од присутните во вирално видео рече дека наоѓањето храна таму е како да се добие војна.


Ананд Синг има шест мандати како пратеник и е многу влијателен во областа. Неговиот прекар е „Чхоте Саркар“, што на хинди значи „мал господар“.

Често се гледа во видеа како ги врти мустаќите и патува во поворка од до 25 возила. Се вели дека ги пречекувал даночните службеници во својот дом со змии околу вратот.

Се опишува себеси како социјален работник со бизниси и земјоделско земјиште, а вкупниот имот на него и неговата сопруга изнесува една милијарда рупии. Се соочува со повеќе од 24 кривични дела, вклучително и за убиство, обид за убиство, изнуда и немири, а поминал и време во затвор.

Свадбата предизвика протести во Индија, поради сиромаштијата во Бихар. Земјата има повеќе од 10 милиони свадби годишно и пазар од 40 до 50 милијарди долари, според КПМГ.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ