Помалку бебиња, повеќе починати, покажуваат податоците на ДЗС за третото тромесечје

Во третото тримесечје од 2026 година во земјава се родени 4.160 живородени деца, што е намалување за 4,8 проценти во споредба со истиот период лани. Во истиот период починале 4.807 лица, или 0,1 процент повеќе во однос на третото тримесечје од 2025 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Природниот прираст и натаму е негативен, односно бројот на живородените деца е помал од бројот на умрените лица за 647.

Од вкупниот број починати, 19 се доенчиња.

Во периодот јули – септември годинава се склучени 3.524 бракови, што претставува зголемување за 0,5 проценти во споредба со истиот период минатата година.

Во третото тримесечје се регистрирани и 397 разведени бракови. МИА

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ