Не сакаме Кочани да биде град во кој ќе згасне радоста, иако за нас празниците никогаш нема да бидат исти – родителите на загинатите деца во пресрет на Нова Година

По трагедијата во дискотеката Пулс во Кочани, од 16 март 2025 година, празнувањата никогаш повеќе не се исти. Лани имаше скромни хуманитрни настани и настани за Новогодишните и Божиќните празници, додека матурските прослави не се одржаа.
Не сакаме Кочани да биде град во кој ќе згасне радоста, иако за нас празниците никогаш нема да бидат исти – родителите на загинатите деца во пресрет на Нова Година
Не сакаме Кочани да биде град во кој ќе згасне радоста, иако за нас празниците никогаш нема да бидат исти – родителите на загинатите деца во пресрет на Нова Година
  • Градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов, ги покани на средба претставниците на Здружението „16 март 2025 – Кочани”, чии деца загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“
  • Се разговараше за достојно одбележување на Новогодишните и Божиќните празници
  • За нас, родителите, празниците никогаш повеќе нема да бидат исти. На нашите трпези засекогаш ќе недостигаат нашите деца. Но, не сакаме целиот град да живее во тага, рекоа родителите

Оваа година општината ги покана родителите на загинатите деца на состанок, на кој ги прашаа како е достојно да се празнува. Не сакаме Кочани да биде град во кој ќе згасне радоста, иако за нас празниците никогаш нема да бидат исти, одговорија родителите на загинатите деца во пресрет на Нова Година.

Градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов, оствари средба со претставници на Здружението „16 март 2025 – Кочани”, на која се разговараше за организацијата и одбележувањето на претстојните новогодишни и божиќни празници. На средбата бea разменети мислења за начинот на кој градот ќе ги одбележи празниците, имајќи ја предвид трагедијата што го потресе Кочани, но и потребата животот во градот да продолжи.

Слушајте радио во живо

Градоначалникот Грозданов истакна дека целта е празниците да бидат одбележани достоинствено, со почит кон болката на семејствата, но и со внимание кон чувствата и потребите на сите граѓани.

Грозданов на средба со родителите

-Празничната радост не треба да ја негира тагата, туку да биде порака дека животот продолжува, дека сме заедно и дека Кочани треба да остане град на животот, надежта и човечноста”, истакнa Грозданов, посочувајќи дека е важно да се слушне и мислењето на родителите. Марија Петрушова, мајка на починатиот Андреј, по средбата, во име на сите родители го соопшти својот став, нагласувајќи дека сакаат Кочани и оваа година да биде украсено и да има новогодишна и божиќна атмосфера, со музика и празнични содржини, како и во годините пред трагедијата.

Прочитајте и за ова:

„Не е точно дека сме побарале откажување на новогодишни настани и украсување на Кочани“ – родителите на загинатите од Пулс со реакција

-За нас, родителите, празниците никогаш повеќе нема да бидат исти. На нашите трпези засекогаш ќе недостигаат нашите деца. Но, не сакаме целиот град да живее во тага. Животот мора да продолжи, особено за младите генерации. Не сакаме Кочани да биде град во кој ќе згасне радоста, туку град во кој никогаш повеќе нема да згасне млад живот”, порачуваат родителите. Родителите на починатите деца му се заблагодарија на градоначалникот што покажал разбирање и подготвеност да го слушне нивното мислење, истакнувајќи дека нивната лична болка не треба да биде причина децата и младите да бидат лишени од празничната радост.

Во јули 2025 година, само четири месеци по трагедијата, тогашниот в.д. градоначалник Венко Крстевски закажа музичка програма и концерт по повод празникот Петровден.

Прочитајте:

„Засекогаш ќе бидеш мојата најубава матурантка“ – Напиша таткото на Надица на денот на матурската прослава

Преку здружението „16-ти Март 2025 Кочани“, родителите побараа да нема забава и одржаа протест. Кога Крстевски излезе пред нив на 11 јули да соопшти дека општината го откажува концертот, револтираните семејства го исвиркаа и му го свртеа грбот. По критиките на „Маршот на ангелите“, тој подоцна упати и јавно извинување, признавајќи дека концертот воопшто не требало да биде закажан.

Лани, одбележувањето на новогодишните празници 2025/2026 во Кочани помина без големи масовни прослави и забави на отворено, со фокус на хуманитарни, училишни и спортско-рекреативни настани поради почит кон жртвите од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ од март 2025 година.

Драган Николова – Радио Кочани

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ