Претепана жена на Клиника се бори за живот, ЈО прибира докази за тепачот

Фото: Фрипик

Во Клиничкиот центар во Скопје синоќа била донесена жена во животозагрозувачка состојба која, според медиумските објави, била претепана од сопругот. Јавното обвинителство денеска соопшти сторителот е обезбеден и се постапува.

– Се преземаат сите дејствија за итно прибирање докази, согласно воспоставената процедура за итна кординација и постапување по пријави за семејно насилство. Вклучени се и полициски службеници и Центарот за социјални работи – посочуваат од ЈОРСМ.  

Правната квалификација на делото, како што нагласуваат од обвинителството, ќе биде одредена согласно доказите. 

Спорд медиумите жената ила тепана два дена, имала скршени ребра и други повреди и е во животозагрозувчка состојба. Сопругот,тпач, пак, се наоѓал во Психијатриска болница.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ