Балкан побеле, снегот вечер доаѓа и во Македонија ама и -18 степени

 Снег паѓа денеска во повеќе земји од Балканот, а во делови од регионот има и силен ветер, јавуваат локалните медиуми.

Српската престолнина Белград и околината денеска побелеа од снегот. Српските власти ги предупредија возачите да ја намалат брзината на меѓуградските патишта во околината на Белград.

На возачите им се советува да користат зимски гуми и да ги почитуваат ограничувањата на брзината.

Снег паѓа и во Хрватска – во Загреб и централниот дел на земјата, како и во областите Подравина и Славонија.

На повисоките места снежната покривка достигнала од 10 до 20 сантиметри. Температурите во поголемиот дел од земјата се движат од нула до три степени, додека на крајбрежјето се од девет до 14 степени.

Во делови од Хрватска се издадени жолт, портокалов и црвен метеоролошки аларм поради силен ветер. На одредени места се очекуваат налети на ветерот до 165 километри на час.

Снег и дожд денеска паѓаат и во Босна и Херцеговина. 

Во Македонија денеска е облачно со повремени врнежи од дожд, а кон крајот на денот се очекува и снег. За наредните денови синоптичарите прогнозираат стабилно и многу студено. Утринските температури скоро секаде ќе бидат под нулата, некаде ќе се спуштата и до – 18 степени.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ