Никола Ристевски, публицист и продуцент беше дел од емисијата „Стадион“ на Канал77, во која се зборувше за една поинаква Македонија, обвиткана со мистичност или како македонското наследство да стане иднина.
Ристевски, кој е магистар по маркетинг, зборуваше и за македонската историја, истражувања, за гробот на Александар Македонски, промовирањето на Овче Поле, Свети Николе и многу истражувања на мистична Македонија.
-Маркетингот е култ кон парите. Окултен маркетинг и маркетинг е исто. Ние луѓето имаме потреба од многу малку нешто за живот. Потрошувачкото опшество го има предизвикано човек да троши еден куп пари за нешто што не им треба. Забележуваме како многу луѓе кога ќе почнат да заработуваат повеќе пари почнуваат да носат поскапа облека, да возат поскап автомобил, но гледаме дека тие што достигнале многу, сфаќаат дека сето тоа немало смисла и нешто друга била вистината, а тоа не е материјалното, туку духовното. Како да го убедиш човек купи нешто што не треба ако н преку окултен мркетинг, вели Ристовски.
Целото интервју, кое е многу интересно може да го погледнете во видеото:







