Свекор го пријавил синот со нарушено ментално здравје дека ја претепал сопругата

Свекор го пријавил синот, кој бил со нарушено ментално здравје, дека ја претепал спругата.

-На 27.11.2026 во 14.10 часот во гостиварско село, полициски службеници од Полициското одделение Галате го лишиле од слобода М.М.(52) од селото, лице со нарушено ментално здравје. Претходно, неговиот татко пријавил дека околу 12:30 часот во семејниот дом физички ја нападнал својата 42-годишна сопруга, при што употребил остар предмет и ѝ нанел повреди. Откако ѝ била укажана помош во болницата во Гостивар, поради сериозноста на повредите, жената во бессознание била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза”, каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди и била задржана на лекување. Исто така, при лишувањето, тој давал отпор и физички нападнал полициски службеници и повредил еден од нив. За настанот е известен јавен обвинител, а М.М. бил спроведен во Психијатриска болница – Скопје. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, информираат од МВР.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ