Македонија ќе го има вистинскиот фудбалски состав кој ќе замине на европско или светско првенство ако направиме состав на деца на возраст од 14 и 15 години константно ќе тренираат фудбал 10 години, советува Филески во 43тото издание на Ноќен Експрес.
За успех во фудбалот потребен е проект по примерот на Шпанската репрезентација која го освои европското па потоа и светското првенство односно потребен е тим на деца кои ќе тренираат заедно 10 години и тука успехот е неминовен, вели тв водителот кој долги години ја следи светската и европската фудбалска сцена Игор Филески – Филе во 43 тото издание на Ноќен експрес.
Таков проект пред 7-8 години во Фудбалската федерација на Македонија донесе Боби Бабунски, проект кој со свои очи го видов. Бабунски тогаш кажа еве проект во кој деца од 13, 14 и 15 години ќе ги тренираме фудбал во еден 10 годишен циклус, тие неминовно ќе имаат успех. Но не, во Македонија се оди инстант вели Филески.
Ако направиме состав на деца кои од 14 и 15 години заедно ќе тренираат фудбал можеби тогаш Македонија ќе има фудбалски состав кој ќе замине на европско или светско првенство, советува Филески.
Во Македонија единствено академијата на Пандев работи по светски стандарди и јас сум сигурен дека за 3 до 4 години од таму ќе излезе тим кој ќе игра во некоја европска лига.
Затоа Федерацијата и државата треба да го стимулираат тоа вели во 43 тото издание на Ноќен експрес Игор Филески.