ExYu
Fresh
Cafe
Radio EastGate Mall
Play button

Ноќен Експрес

Што е „припејд“ постапка во финансирање на политичките партии од страна на медиумите и обратно

today28/12/2018 9

Background

Според анализа на ценовниците на платено политичко рекламирање наспроти економското пропагандно рекламирање од изборите од 2014 и 2016 година презентирано во 57-то издание на Ноќен Експрес од страна на управителот на Радио Мрежа Канал 77 Горан Гаврилов корупцијата на медиумите има своја претходница наречено „припејд“ постапка што би значело дека политичките чинители во 2014 година и сега во 2016 имаат механизам на спонзорство на медиумите, каде што медиумот се откажуваше од својата бруто добивка и се јавуваше како спонзор на политичка партија за да ја намали цената.

Но бидејќи тоа се укина тие решија да ја намалат цената од евро секунда затоа што се должи со владиното рекламирање,добивање тендери и други клиентелистичким услуги за да не платат политичките партии премногу а мора да платат бидејќи се издава фактура и на тој начин политичките субјекти поминат со помал буџет од реалниот, вели Гаврилов.
Тоа значи дека тие директно влијаат на висината на ДДВ.

Опозицијата во овој случај ги добива цените коишто самата власт успеала да ги добие.Сега имаме ситуација на цена на најгледана телевизија еднаква на цена на најслушано радио, тоа звучи малку нелогично но радиата во овој случај не се атрактивни и немаат припејд однос со власта и цената им е редовна економска.

Ова укажува дека вистинитоста на буџетите на политичките партии кои декларираат да речеме милион евра потрошени се неточни бидејќи реалната цена на економскиот маркетинг е 5 пати повиска, а тоа значи дека сите заедно се вклучени во еден корумпиран круг кој и власта и опозицијата го знаат, медиумот е задоволен бидејќи се раздолжил со рекламно време и неплатил доволно ДДВ исто така и нарачателот не го платил ДДВ –то, не го регистрира Комисија за заштита на конкуренција,УЈП не го регистрира.

Да сте во нормална пазарна економија наглото девалвирање на цените за 100 пати подолу од нормалната или 30 пати подолу од нормалната значи прикривање на данок .Сите заедно овие чинители го прават кругот на корупција, вели Гаврилов во Ноќен Експрес.

Објавено од: Viktor Gavrilov

Rate it
0%