Кои екипи имаат освоено најмногу титули во најсилните првенства во Европа?

На околу еден месец до завршувањето на фудбалска сезона 2018/2019 ќе направиме пресек со најтрофејните екипи во најсилните 10 лиги во Европа.

Владетел број 1 по број на титули во својата земја е Олимпијакос кој грчкиот фудбалски шампионат го има освоено дури 44 пати. Првата титула ја освоија во 1931-ва, а последната во 2017-та година. Олимпијакос бележи две рекордни серии од по 7 титули (1997-2003) и (2011-2017).

Потоа следува Бенфика која Португалија ја има освоено 36 пати, па Јувентус кој има 34 титули (36 според навивачите) на кој му фали само еден бод да стигне до 35-та на 7 кола до крајот на сезоната во Серија А.

Вака изгледа целиот преглед на кој покрај најдобрите може да ги видите и второ и третопласираните екипи според бројот на домашни титули.


Продолжи со читањето

Во етер
Наслов
Изведувач

Background