Тарабунов извади ново летно парче

Александар Тарабунов има ново летно парче со наслов „Маска од насмевка“, за кое „залепи“ и соодветна видео приказна режирана од Зоран Зонде Стојановски.

„Сите ние добро познаваме по некоја девојка со маска од насмевка. Колку и да боли, Александар Тарабунов пее дека ќе ја лекува. <3“ – напиша Стојановски на Твитер.

Музиката Тарабунов ја направил сам, а на продукцијата се потпишува неговиот проверен соработник, Роберт Билбилов. Текстот е на Робин Зимбаков, а видеото е снимано во Будва.


Продолжи со читањето

Во етер
Наслов
Изведувач

Background