„Комета“ е новиот сингл на Александра Јанева (Видео)

По „Срце отвори“, „Одговор“ и „Се одбирам себе“ пејачката, Александра Јанева пред почетокот на есента внесе свежина на домашната музичка сцена.
„Комета“ е насловот на нејзиниот најнов сингл, кој од вчера и официјално има свој видео запис, снимен под режисерската палка на Пеце Здравковски. Младата струмичанка самата авторски го потпишува текстот на својот нов потенцијален хит, додека музиката и аранжманот се на Иван Јованов.
Видеото за „Комета“ манифестира еден поинаков и лежерен стил на Јанева, која пред неколку месеци ја видовме и на големата евровизиска сцена.


Продолжи со читањето

Во етер
Наслов
Изведувач

Background