Врз основа на одредбите од Законот за практикантство, член 4 (Службен весник на РСМ бр.98/19) и Програмата на ТРД Радио Канал 77, се објавува следниов:

Ј А В Е Н   О Г Л А С

ТРД Радио Канал 77 ДООЕЛ Штип има потреба од 4 (четири лица), практиканти, во следниве области:

– Новинарство и радио водители;

– Продуценти и монтажа;

– Видео продукција;

– Продукција на комерцијални содржини и креатива;

– ИТ комуникации и нови медиуми; и

– Маркетинг и промоција.

Се известуваат сите заинтересирани лица до 34 години, кои сакаат да станат дел од нашата компанија да се пријават на овој повик за практиканти со поднесување свое CV на меил kariera@kanal77.com.mk или во просториите на Радио Канал 77 кои се наоѓаат на ул.5-та Партиска Конференција бр.32А, поточно во Мултимедијален Центар Канал 77, нас. Сењак.

Услови кои треба да ги исполнуваат се:

  • да не е во работен однос, односно да е со статус невработено лице, пријавено во Агенцијата за вработување;
  • да не е постар од 34 години;
  • да не обавуваат практична обука во друга компанија или јавна институција;
  • да имаат најмалку основно образование.

Практикантот при тоа ќе добие:

  • ќе се стекне со практична обука во траење од 3 месеца или 6 месеца;
  • по завршување на практичната обука ќе му се издаде Потврда;
  • не го губи статусот на невработено лице, но ќе биде пријавено во Агенцијата за вработување како практикант;

Условите, правата и обврските ќе бидат утврдени со Договор, кој ќе биди склучен помеѓу практикантот и Радио Канал 77, согласно Програмата на Радио Канал 77.

 

ТРД Радио Канал 77 ДООЕЛ Штип

Штип, 04.02.2020 година                                                      Управител Горан Гаврилов

Програма за практиканти



Во етер
Наслов
Изведувач

Background