Претпладне со Емилија

емитувања

Понеделник 10:00 14:00
Вторник 10:00 14:00
Среда 10:00 14:00
Четврток 10:00 14:00
Петок 10:00 14:00
 

 

Емилија Бунтеска Нацоска

Би си ја залепила „етикетата“ - креативна, романтична, уметничка душа која верува во чиста љубов и добри намери. Без кафе можам, без музика никако! Уживам постојано да откривам нови светови меѓу музичките парчиња и нови светогледи меѓу луѓето. „Паѓам“ на добар текст на песна и на искрена емоција, од човек за човек, во секојдневието.

Никогаш не ги разбрав неодговорните. Кон работата, кон љубовта, кон луѓето и ситуациите. Секогаш ги поддржувам оние кои со цело срце и душа влегуваат во моментот. Во моето идеално, утопично сценарио, главните ликови се навикнати на љубезност без корист и се прегрнуваат редовно, а не само на празници. Да, можно е! Празник е секој ден, ако е полн со љубов и убави емоции во секое ќоше! А јас сонувам за еден таков, љубовен свет.

PS: Кога почнав да работам во радио, по скоро 10 години работа на тв, некој спомна дека за разлика од тв, во радиото како медиум, супер е тоа што можеш и по пижами да водиш емисија. Уште немам пробано!

Претпладне со Емилија

Денот добива поинаква смисла кога си на работа или низ дома, а во заднина си „тече“ плеј листа полна со одлични парчиња.



Во етер
Наслов
Изведувач

Background