Албанците да се обединат и да гласаат за кандидатот на ДУИ во Брвеница – повика Таравари

Кандидатот на ДУИ, Аркин Јахији на вонредните избори за градоначалник, ѝ донесе на партијата на Ахмети дури 1.005 гласови повеќе во однос на изборите пред една година. На ланските избори, кандидатот на ДУИ освоил 1.147 гласови, додека на вчерашните 2.152, што е речиси двојно.
  • Зголемена поддршка за ДУИ во Брвеница: Кандидатот Аркин Јахији освои 2.152 гласа (речиси двојно повеќе од лани) и со Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ влегува во вториот круг на изборите што ќе се одржат на 1 ноември
  • Повик за обединување од Таравари: Лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, јавно го поддржа Јахији и ги повика сите албански партии да го следат неговиот пример.
  • Честитка од противкандидатот: Кандидатот на коалицијата Вреди, Јакуп Хусеини (кој освои 1.528 гласови), лично го посети штабот на Јахији за да му го честита влезот во вториот круг.

Јахији на вчерашниот прв изборен круг освои 791 глас помалку од кандидатот на ВМРО ДПМНЕ, Стојанче Радичевски. Двајцата влегуваат во вториот круг на вонредните избри, што ќе се одржат на 1 ноември.

Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари изрази поддршка за кандидатот на ДУИ и ги повика сите албанските партии да го поддржат во вториот круг.

Слушајте радио во живо

„Многу важна победа доаѓа денес од Брвеница! Честитајќи му на Аркин за победата, ги повикувам сите албански партии да гласаат за овој чесен и посветен човек кој го почитува секој Албанец!“, напиша Таравари.

На вчерашните избори, кандидатот на коалицијата Вреди, Јакуп Хусеини освои 1.528 гласови. Засега нема реакција од Вреди на повикот на здружување на Албанците за вториот изборен круг.

Прочитајте уште на темата:

Стојанчо Радически со најмногу гласови на локалните избори во Брвеница

Но, Јакуп Хусеини од Вреди синоќа дојде во штабот на кандидатот на ДУИ, Јахији за да му го честита влезот во вториот круг од предвремените локални избори.

Споделени се фотографии и видеа од честитањето на Хусеини на Јахији, кој пак при тоа му вели:

„За трпението, храброста, трудот од двата табора и верувам дека само вака може да одиме напред“, се слуша Јахији на видеото.

На синоќешната прес конференција, соопштувајќи дека кандидатот на Вреди не успеал да освои доволно гласови за да влезе во вториот круг, партискиот портпарол Дритон Сулејмани рече дека  одлуката за тоа кој кандидат ќе го поддржат во вториот круг раководството на партијата ќе ја донесе во наредните денови.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ