На терен секојдневно се регистрираат нови пожари, а дел од нив остануваат активни.
Државата и пожарникарските единици се соочуваат со предизвикот на високите температури, непристапниот терен и човечкиот фактор.
Искуството од Кочани покажува колку се важни навремената реакција, опремата и обучените доброволци.
Во дел од разговорот Ангелов се осврна и на трагедијата во Пулс, присетувајќи се на кобната ноќ и мерките кои во моментот биле преземени од институциите на терен. Според Ангелов, законите во Македонија и претходно биле извонредни и јасно предвивдувале услови кои требало да спречат ваква трагедија, но истите не се почитувале и, како што рече, дискотеката, следејќи го судењето, не исполувала никакви услови за работа.
Сепак, според Ангелов, поранешните директори на Дирекцијата за заштита и спасување се колатерална штета во судскиот процес:
„Законите беа изновредни и претходно, се знае противпожарна заштита, од секогаш тоа постоело, и во Југославија и во независноста. Треба да се почитуваат. Ако го следите судскиот процес, ќе видите дека се прекршени сите можни закони. Дискотеката работела на диво, дури псоледниот период таа немала никаква дозвола. И ние не можеме да инспектираме објект кој што е нелегален, на црно. Како ќе направите инспекција во него? Јас ги сметам директорите пред мене за колатерална штета, кои што во таа, да речам, тогаш длабоката болка и тага, која што настана, едноставно отидоа како колатерална штета. Јас не гледам што е виновен Шабан Салиу, кој што бил директор 10 години пред да се случи трагедијата? Дали тоа значи дека еден ден кога јас ќе отидам во пензија, кога ќе заборавам дека сум бил директор на ДЗС, ако се случи некоја трагедија, некој треба мене да ме уапси? Во Швајцарија колку луѓе беа уапсени и колку луѓе се осудени? Два-тројца, пет.“ – изјави Ангелов.
Тој посочи дека смета дека ја има искоренето корупцијата во дирекцијата и дека има дадено насоки во никој случај да не се издаваат дозволи онаму каде што нема услови за тоа:
„Имам дадено директива секаде онаму каде што не се исполнети условите да не се дава согласност од страна на дирекцијата. Колку тоа вработените го почитуваат, не знам.“ – подвлече Ангелов.
Целата емисија Стадион можете да ја проследите на линкот:





