Александар Пендароски и Мартина Михајлова се годинашните младенци на традиционалната Галичка свадба, која ќе се одржи од 10–12 јули во Галичник. Мартина е докторка од Свети Николе, а Александар е од Скопје и работи опратива на Меѓународниот аеродром-Скопје.
Тие ќе ја продолжат семејната традиција, бидејќи пред 35 години татко му и мајка му на Александар биле зет и невеста на Галичка свадба. Оттаму и среќата на Александар е голема, бидејќи како и неговите родители, тка и тој ги почитува традициите и семејните вредности.
-По татко сум од Галичник, по баба и по дедо. Затоа навистина ми е голема чест што годинава јас ќе бидам зетот. Имаме куќа таму, таму пораснав со традицијата и уште од мали нозе ја следам Галичка свадба. Мајка ми Весна и татко ми Антонио се венчале на Галичка свадба пред 35 години. Оваа година имаат јубилеј. Моја чест е да ја наследам традицијата, тоа е наша семејна традиција. Мене Галичка свадба ми значи се. Како дете сум ја гледал и ми било желба еден ден јас да бидам галички зет и еве ми се идполни таа желба. Сум бил повеќе пати дел од Галичка свадба, како коњаница, сум бил облечен само во носија како протокол, но ова е сосем нешто друго, вели зетот.
Тој вели дека Мартина многу се изрдувла кога и соопштил дека сака да бидат младенци на Галичка свадба.
-Се изрдува, се возбуди многу. Многу и се допадна идејата. Се пријвивме, не избраа и се радуваме и двајцата. Имам 34 години и досега поради повреда само една свадба имам пропуштено. Инаку се знае традицијата, тој викенд задолжително во Галичник. Ние сме традицинално семејство и сите обичаи ги почитуваме. Куќата во Галичник си ја одржуваме, задлжително преку лето има некој таму. Во моментов таму е баба ми Нада, која има 85 години и едвај не чека да отидеме. Таа ќе не облекува, бидејќи ги знае сит обичаи, вели Александар.
Мартина и Александр се запознале во Скопје и кога врската им станала сериозна многу се ирадувала на предлогот на Александар да бидат младенци на Галичник .
-Минатата година прв пат присуствував на Галичка сваба и се воодушевив. Ја гледав целата церемонија од почеток до крај и бев навистина воодушевена од убавината на традицијата. Ми ја објаснија традицијата и вредноста на Галичка свадба и без двоумење прифатив да бидам невеста.
Тие се заедно две години. Се запознале на забава кај заеднички другар. Минатата година тој ја запросил додека биле на одмор.
-Ја запросив минатата година додека бевме на одмор. Цела година сме свршени. Црковното венчавање ни е сега на Галичка свадба и здравје на есен ќе правиме свадба и ќе склопиме граѓански брак. Нашата љубов е љубов на прв поглед. Многу се сакаме. Не спои енергијата, имаме заедники вредности. Се она што мене ми се допаѓа кај жена таа ги има. И двајцата сме со семејни вредности, имаме ист начин на размислување, вели Александар, а истото го вели и Мартина.
-Уште прв пат кога излеговме знаев дека сакам да бидам со него за цел живот. Ми се допадна неговиот начин на размислување. Енергијата, хармонијата, размислувањата ни се исти, разговорите ни течат лесно. Имаме иста смисла за хумор. Голема привлечнот има меѓу нас и уште од почетокот знаев дека сакам ја продлабочам врската со него. И еве се случи и свадба, вели невестата.
В.М.

