Белорусинка пронајдена мртва во познат хотел во Охрид

СВР Охрид информира дека е пронајдена почината жена во хотел во Охрид.

-На 05.08.2026 во 07:45 часот во СВР Охрид е пријавено дека во хотел во Охрид била прпонајдена почината И.Т.(53) од Република Белорусија. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош од Охрид, а по насоки на јавен обвинител врз телото на починатата ќе се врши обдукција. Се преземаат мерки за целосно расчистување на  случајот, информираат одСВР Охрид.

Од СВР Охрид за Канал77 потврдија и дека жената била туристка, сместена во познат хотел со близок член на семејството.

-Нема траги на насилство, но се чека обдукцијата што ќе покаже, велат за Канал77

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ