Бени Шаќири, попознат како Бени – „Нон стоп“ поднесе оставка од функцијата директор на Младинскиот културен центар, но стана советник за култура на градоначалникот на Скопје, Орге Ѓорѓиевски.
-Повеке нема да ја обавувам функцијата директор на Младински Културен Центар- Скопје, поднесов неотповиклива оставка до градоначалникот на град Скопје, Орце Георгиевски. Од лични причини! Сепак на предлог на градоначалникот Георгиевски останувам дел од неговиот кабинет на позиција советник за култура со што ќе се обидам од еден друг аспект да придонесам за унапредување и развој на културата во градот Скопје.За нов директор на МКЦ доаѓа Димче Арсовски на кого му посакувам да биде успешен и трпелив и верувам дека како млад човек ке даде максимум од себе како би можел да се справи со сите потешкотии со кои културата воопшто се соочува изминативе години, рече Бени.







