По вчерашното кратко, но интензивно невреме, проследено со силен ветер, без струја речиси 19 часа се кочанските села Соколарци, Спанчево, Жиганци, Подлог, Нивичани и уште неколку други. Поради тоа што нема струја, жителите во овој жежок дека се и без вода за пиење, бидејќи селските водоводи главно работат на струја. Според жителите, сијалиците светнале синоќа околу 22 часот, но околу полноќ повторно останале без струја и од тогаш досега системот воопшто не профункционирал.
-Да се преселиме сите во Арачиново, плус таму не мора ни да ја плаќаме, реагира жител од овие села.
Од Електродистрибуција соопштија дека се работи на воспоставување на мрежата.
– Силното невреме кое вчера зафати делови од државата меѓу другото предизвика оштетувања и на дистрибутивната мрежа, што доведе до прекини во снабдувањето со електрична енергија кај дел од корисниците. Екипите на Електродистрибуција веднаш се мобилизираа и работат на терен со интензивно темпо, а активностите ќе продолжат без прекин се до целосно санирање на сите дефекти и нормализирање на состојбата, соопштија од Електродистрибуција.






