Бугарија и против Србија – меѓу осумте ЕУ членки кои се противат на отворањето на нов кластер

Новите членки на ЕУ ќе добијат 15-годишен пробен период – прва би била Црна Гора со „анти-Орбан“ заштита
Новите членки на ЕУ ќе добијат 15-годишен пробен период – прва би била Црна Гора со „анти-Орбан“ заштита

Осум од 27-те земји-членки се спротивставија на отворањето на нова рунда преговори за пристапување со Србија на состанокот, потврдија за „Еуроњуз“ три дипломатски извори од ЕУ.

Земјите-членки кои се противат на отворањето на Кластер 3, која се однесува на конкурентноста и инклузивниот раст, се Холандија, Шведска, Финска, Белгија, Естонија, Литванија, Бугарија и Хрватска .

Три земји-членки кои се помалку против, но сепак не се убедени, се Данска, Луксембург и Летонија. Меѓу општите поддржувачи на пристапувањето на Србија во ЕУ, Франција е клучен политички актер.

Францускиот претседател Емануел Макрон претходно изјави дека на ЕУ ѝ е потребна „силна и демократска Србија“ на своја страна.

Земјите што ја поддржуваат Србија се загрижени за ризикот од понатамошно отуѓување на земјата од Западен Балкан и дека нема да биде наградена за нејзините реформски напори.

Европски дипломат, кој разговараше за „Еуроњуз“, рече дека општото противење од осумте земји-членки е фокусирано на „проблематичните“ прашања поврзани со владеењето на правото во Србија и „непочитувањето на санкциите“.

Друг рече дека неколку земји-членки се согласиле со позитивната оценка на Комисијата, наведувајќи дека Србија ги „исполнила“ или е „на добар пат“ да ги исполни критериумите за напредок кон Кластер 3.

Неколку високи претставници на ЕУ јавно го поддржаа отворањето на Кластер 3, особено откако српскиот претседател Александар Вучиќ ги повлече контроверзните законски измени во областа на судството во јуни, откако Венецијанската комисија препорача измени.

Еврокомесарката за проширување Марта Кос е една од највисоките европски функционери што ѝ дава поддршка на Србија.

„Во светлината на некои неодамнешни позитивни случувања, Комисијата ја обнови својата препорака до Советот за отворање на Кластер 3 во преговорите за пристапување со Србија. Комисијата, исто така, ќе продолжи да го охрабрува понатамошниот напредок на реформите во корист на сите српски граѓани и општеството како целина“, рече Кос во вторник за време на дебатата за пристапувањето на Србија во Европскиот парламент во Стразбур.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ