Даци и Александар денес го промовираа винилот „Уште ми фалиш“ и, како што рекоа, ја посветуваат на Драган Б. Костиќ, кој почина во декември. Во негово име плочата ја зем неговата ќерка Елена, која на промоцијата беше со брат и Бане.

-Мој музички ментор секогаш бил Драган Б. Костиќ. тој многу ќе се радуваше да беше овде, но, за жал, не ја дочека оваа промоција. Затоа, плочата му ја посветуваме нему и ќе ја подариме на неговото семејство, рече Александар Митевски.
Идејата за да направат плоча била на Драган Спасов-Дац.

-Александар не е растен со плочи. Јас сум растен со плочи и бев упорен да направиме. Имаме доволно песни, дури некои не ни влегоа во изборот, затоа што немаше место. Имаш 40 минути, двапати по 20. Зошто плоча? Затоа што плочата не можеш да ја изгубиш како уесбе. Не можеш да ја оштетиш како цеде. Плочата останува трајно. Не велам дека со шајка не можеш да ја изгребеш, но која будала би ја гребела со шајка, нели? Во мое време сите плочи беа црни. Кога разбравме дека може ваква да биде, ја направивме црвена како бојата на љубовта, се пошегува Дац.
На промоцијата гости беа Маја и Дарко Панчеви, Блада Петреска, која заедно со Дац и Алексанар сними песна за Прилеп.

Неизбежни гости беа Маријана и Росана, заедно со Трупче. Тие не се само пријатели со Дац и Александар, туку имаат и професионална соработка. Наскоро од нив ќе излезе заедничка песна, за која сите рекоа дека е нешто-нај.
В.М.
Фотго: Вангел Тануровски

