Претседателот на Еквадор, Даниел Нобоа, го прогласи 26 јуни за национален празник поради победата над Германија на Светското првенство, пишува „Ел Универзо“.
Работниот петок стана неработен ден на територијата на Еквадор, и во јавниот и во приватниот сектор. Тој неработен ден нема да биде компензиран, а во исто време е прогласен и прекин на наставата во текот на денешниот ден.
Со головите на Нилсон Ангуло и Гонзало Плата, Еквадор победи со 2:1 против Германија, која беше апсолутен фаворит, и со тоа се квалификуваше за осминафиналето на Светското првенство, пренесува курир.рс.
