Срамота што прават Македонците, е само еден од лавината коментари на социјалните медиуми по вчерашната примена на системот „Безбден град“ за странци, поради што на излез од државава се направија големи гужви.
„Бебзеден град“ предизвика километрски колони пред Табановце, претежно од луѓе кои се враќаат од одмор во Грција, а кои поминувајќи низ Македонија направиле сообраќаен прекршок, па на излез треба да ја платат казната. А казни се наплаќаа за сторени прекршоци уште од фебруари.
„Речиси секое второ возило требаше да плати казна„, се вели во друг коментар, поради што, како што пишуваат српски граѓани се создала толкава гужва, што сите возила не можело да ги собере во меѓу зоната.

МВР уште од вчера се обрати до јавноста со соопштение и ги објасни гужвите.
-Поголемиот број возила кои се појавуваат на граничниот премин Табановце се должи на тоа што станува збор за прв ден од примената на овој механизам, при што се опфаќаат и претходно евидентираните прекршоци.На Граничниот премин Табановце, при излез од државата, се појавуваат возила кај кои системот има претходно евидентирано сообраќајни прекршоци. На возачите им се соопштува дека е евидентиран прекршок и им се издава Записник за сторен сообраќаен прекршок со прекршочен платен налог, со можност казната да ја подмират согласно законската постапка, информираа вчера од МВР и објаснија дека „Министерството за внатрешни работи презема активности за непречено одвивање на постапката и намалување на задржувањето на патниците“.
Слушнете го Канал 77 радио во живо онлајн!
Но, ова објаснување не беше доволно за колапсот што се случи на излез од државава и на колоните возила во кои беа и тие што треба да платат казна, но и тие кои немаат направено прекршок. Сите заедно, како што пишуваат во коментари, чекаат по неколку часа во колона од неколку километри.
Нервозата што се создаде во колоните автомобили предизвик полемика, па дури и кавга.
„Чекаме со часови со деца во автомобилите. Кој направил прекршок нека си чека и нека си плати, зошто ние да чекаме со нив кои немаме направено ништо„, се вели во друг коментар.
„Срамота е ова да се случува за 30 евра“, пишуваат во коментар
Прочитајте исто така:Започна примената на системот „Безбеден град“ и за странските возила на ГП Табановце
„Прво срам да им е на тие што возат брзо. И нека им наплатат казна. Но, ние и нашите деца, кои не го правиме тоа, не сме должни да го трпиме аматеризмот на македонските цариници. Нека наплаќаат двојни казни на секој што ќе направи прекршок. Но, пред тоа, нека го направат системот да профункционира. А не да малтретираат илјадници невини луѓе“, пишува во друг коментар.
Но, има и такви, на кои системот им пречи.
„Сакат браќата Македонци да земаат милостина за поминати 5 км/ч над ограничувањето, а до година има трева да им никнува низ асфалтот, само овци ќе можат да видат и да свират на кожна флејта таму, за подобро и не се се вели во друг коментар“.

-Нека, благодарам! Од сега па натаму само преку Бугарија. За жал, и Охрид ќе страда, но вие самите го побаравте тоа. Ова е малтретирање на луѓето и полнење на буџетот на лесен начин, бидејќи ниту нашите политичари ниту вашите не можат да го направат тоа поинаку. Само, најголемата штета е што народот страда, с вели во друг коментар.
На коментарите по групите на социјалнит мрежи се приклучија и Македонци со свое мислење.
„Ако не, ви се допаѓа одите си преку Бугарија“!
„Срамота за тие што возат 200 на саат и ја загрозуваат и својата и безбедноста на фамилијата и на сите други учесници во сообраќајот, ако возиш 200 на саат не очекувај дека со цвеќе во рака ќе те пречекаат“, се вели во друг коментар.
В.М.





