Две лица турски државјани со привремен престој во Штип се приведени од полицијата поради сомневање за можна поврзаност со случајот со опожареното возило „ренџ ровер“. Пријавата за запалено возилото на улицата „Страшо Пинџур“ во полицијата е промена на 17 ноември во 01:16 часот, по што на терен излезе екипа на Територијалната противпожарна единица Штип. Во инцидентот повредени нема, но подоцна во средата и синоќа, полицијата приведе двајца.
Возилото е со штипски регистерски ознаки, сопственост на Г.О.(29) од Штип.
Информации за тековната акција на полицијата се од терен, во исчекување на официјална потврда од СВР Штип.
Овој случај не е единствен во кој се инволвирани турски државјани. За потсетување, во мај 2025 година во кафуле во центарот на Штип беше убиен турски студент. Сторителите се осудени и издржуваат казна затвор. Турска студентка беше пронајдена мртва во изнајмениот стан во центарот на градот. Приведувани се повеќе други лица за трговија со дрога и други дела.
(В.К.)








