Бугарија штотуку го избр градот каде ќе се одржи Евросонг 2027, а тоа е Бургас. Во трката за градови-домаќини беа Софија и Варна, но н крјот победи Бургас!
Евровизија ќе се одржи на 11 и 13 мај, двете полуфинални вечери, додека финалето на 15 мај.
Евросонг 2027 ќе се одржи во „Арена Бургас“, која е отворена во 2023 година, модерна мултифункционална сала со капацитет до 14.500 за концерти – над минимумот од 10.000.. Таа е нова, наменски изградена за големи продукции и се наоѓа во северниот округ Изгрев, на кратко возење од центарот.
Слушнете го Канал 77 радио во живо онлајн!
Една од предностите на Бургас е што е на крајбрежје, мај на брегот на Црното Море е благ, од 17–22 степени, Морската градина е готово Евровизиско село, а десетици илјади одморалишта се наоѓаат веднаш до брегот. Од друга страна: самиот град е мал,но има хотели со сите ѕвезди, а во близина се Сончев Брег, Созопол и Несебар со огромен капацитет на хотели со цени пред сезоната; реални и евтини, доколку сите капацитети во Бургас бидат пополенти.
Прочитајте исто така: Нови правила за државата победник на Евросонг
Освен тоа аеродромот Бургас има растечки сезонски европски услуги во мај, но можно е да се лета до Софија и потоа со автобус за 5 часа или воз за 6–7 часа или, пак, домашен лет. Во предвид се земат и аеродромите во Истанбул, бидејќи се многу поблиску од Софија.


