Glass Lux на Саем за мебел: Уникатен асортиман на производи од калено стакло

Тренд кој се’ повеќе го наоѓа своето место во македонските домаќинства – дигиталниот принт на стакло им нуди можност на потрошувачите  да имаат стаклена површина во својот дом на кој е отпечатена фотографијата која ним им се допаѓа.

Овој тренд на македонскиот пазар го носи компанијата Глас Лукс, која произведува мноштво производи од калено стакло. Широкиот асортиман е изложен во салоните во Скопје и во Велес, но деновиве дел од производите може да се погледнат и на Меѓунардониот саем за мебел. Втора година по ред, оваа компанија се претставува со уникатен штанд, кој беше посетен и од екипата на Канал 77.

Генералниот менаџер, Александар Ристовски вели работата на нивниот професионален тим е прилагодување на просторот на клиентите.

„На секој клиент му правиме идеално решение за неговиот простор. Придобивката од уредување на просторот со стакло наместо со плочи, се состои во тоа што стаклото е полесно за одржување, значи хигиената е на повисоко ниво, а покрај тоа и визуелната страна е многу подобра.  Секоја слика од висока резолуција може да ја испечатиме на стакло. Нудиме разноразни дизајни, а потрошувачите начесто се одлучуваат за дизајни со водопади во купатилата, додека пак за во кујна претпочитаат светни дизајни“, потенцира Ристовски.

Инаку, компанијата Глас Лукс се занимава со секаков вид на калено стакло. Има сопствено производство и трговија на големо и мало на:

Туш кабини и паравани – стандардни и по мерка

Дигитален принт и стакло во боја (за кујнски облоги, паравани, врати, бањи)

Хармоника системи за балкони

Стаклени огради и настрешници

Стаклени врати

Додади коментар

Би те интересирало и

Костов: ГОБ „8 Септември“ оставена со долг од околу 5 милиони евра

Долгови на болницата од околу 5 милиони евра или 243 милиони денари кон разни фирми, ...

Гори депонијата во Тетово

Од утринава нешто по 8:30 часот гори депонијата на влезот во Тетово кај железничката пруга ...

Close