Не се изведени докази од страна на Основното јавно обвинителство Скопје дека постапувањето на обвинетиот е спротивно на Законот за финансирање на политичките партии
Апелациониот суд Скопје информира дека по одржана нејавна седница по кривичниот предмет, во јавноста познат како „Талир“, донесе пресуда со која жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје ја одби како неоснована и ја потврди ослободителната пресуда на Основниот кривичен суд Скопје за поранешниот премиер Никола Груевски.
Пресудата, како што се посочува, е донесена по одржана нејавна седница на 26 август годинава и разгледување на списите на предметот, а имајќи го предвид и предлогот на Вишото јавно обвинителство Скопје.
Прочитајте исто така: Ослободителна пресуда за Груевски – Измените на Кривичниот законик од 2023 му го овозможија ова
-При постапувањето и одлучувањето, Судот оцени дека преземените дејствија од страна на обвинетиот Н.Г. од С., како одговорно лице во правното лице, се во рамките на неговите овластувања и не се изведени докази од страна на Основното јавно обвинителство Скопје дека постапувањето на обвинетиот е спротивно на Законот за финансирање на политичките партии. Во текот на постапката Основното јавно обвинителство Скопје, како овластен тужител, не докажал надвор од разумно сомневање дека ГП Бетон имал својство на субјект кој во моментот на склучување на договорите со политичката партија, вршел јавни услуги во смисла на горенаведениот закон, така што не постоела законска забрана за донирање средства од негова страна на политичката партија, ниту пак постоела обврска на обвинетиот како одговорно лице на политичката партија, тие средства да ги врати – се вели во соопштението од Апелација.
Прочитајте исто така: СДСМ: Ослободувањето на Груевски е уште еден доказ за контролираното правосудство
Одлуката на Апелациониот суд Скопје, по конкретниот предмет која ќе биде достапна во целост на веб страната на судот, согласно Законот за судовите и Законот за управување со движењето на предметите во судовите, за што, како што најавуваат јавноста ќе биде дополнително известена.
Слушнете го Канал 77 радио во живо онлајн!
Основниот кривичен суд Скопје на 14 јули годинава го ослободи од обвинение поранешниот премиер Никола Груевски за случајот „Талир 2“ за пречекорување на службените овластувања и противправно финансирање на изградбата на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ. МИА
