- Според измените на хрватскиот Закон за странци, визата може да им овозможи на квалификуваните возачи да останат на територијата на Хрватска
- За возачите на камиони, потребно е да се вработени во компанија регистрирана во трета земја и транспортот да е поврзан со деловна соработка за испорака на стоки или материјали во Хрватска или од Хрватска во трета земја.
- ЕУ засега нема унифицирано решение за визите
Хрватска од пред два дена започна со прием на барања на специјални визи за возачи на камиони од трети земји, меѓу кои и на тие од Западен Балкан. Се работи за долгорочни визи за возачите на камиони и автобуси, за кои нема да важи ограничувањето за максимум 90 дена престој во период од 180 дена. Хрватска донесе измени на Закон за странци за да може да им овозможи на квалификуваните возачи да останат на територијата на Хрватска. На електронскиот портал за работа со визи, дополнети се две опции за избор на виза – за возачи на камион и возачи на автобуси.
Слушајте радио во живо
Овој нов развој на настаните, ЕУ, како што објасни портпаролот Маркус Ламар, го следи со внимание и е во контакт со земјите-членки и партнерите во регионот.
Според портпаролот на ЕК, прашањето за подолг престој зависи од националните правила на земјите-членки, како и од постојните билатерални договори.
„Постојат прагматични решенија во рамките на сегашните Шенген правила, особено за земјите-членки кои можат да применуваат правила поврзани со долгорочни визи и дозволи за престој или, во некои ограничени случаи, да ги третираат возачите како прекугранични работници“, рече Ламер.
Прочитајте повеќе за темата:
Камионџиите повторно ги блокираат премините – делумни блокади на границата со БиХ и Хрватска
Хрватска во случајов, одлучи да го олесни пристапот на професионалците. Но, дали и другите земји од ЕУ би можеле да го следат овој пример, особено Германија, Холандија, Белгија и Франција, земји најчеста дестинација на македонските камионџии. Ламар рече дека „прашањето се дискутира со земјите-членки и партнерите од Западен Балкан“.
-Ова навистина зависи и од националните правила, како и од постоечките билатерални договори, додаде портпаролот на ЕК.
Со други зборови, на ниво на ЕУ засега решение за транспортерите нема, но останува да се вложат напори во преговори со секоја од земјите членки.
Прочитајте и за ова:
Во случајов со Хрватска, аплицирањето е на визниот портал за „Д“ виза и по издавањето, ќе важи само за Хрватска територија и за исклучиво за билатерален превоз на стока во кој се вклучени трговски друштва со седиште во Хрватска.
При тоа, како што соопшти Деловното здружение на превозници на стоки во меѓународниот патен сообраќај „Меѓународен транспорт“ од Белград, во националниот систем каде се евидентираат деновите за престој на територија на Хрватска, нема да се бројат во вкупните денови за престој во Шенген зоната.
Конзуларните претставништва ја имаат надлежноста за обработка на барањата според местото на живеење на подносителот на барањето.






