Јато фламинга забележано на брегот на Охридското езеро

Фламинго
Фламинго

Повеќе од 20 фламинга повторно се забележани во водите на Охридското Езеро, на албанскиот брег кај Поградец. Фотографии од необичните гости се споделуваат на социјалните мрежи. Се претпоставува дека птиците се на краток одмор за време на прелетот. Фламингата не се гнездат во Македонија, но повеќепати се регистрирани при прелет над нашата територија. Првиот податок за нивно присуство датира од 90-тите години, кај селото Езерани.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ