Какво е општеството, такво е и обрзованито, рече Јаневска

Фото: Видео

 По повод одбележувањето на 5 Октомври – Светскиот ден на наставниците министерата Весна Јаневска присуствуваше на доделувње на признанието просветен работник во предучилишно, основно и средно образование за учебната 2025/2026 година во Кисела Вода, Скопје.

На новинарско прашање зошто оваа професија веќе не е толку пополарна, односно зошто младите не сакаат да бидат наставници, особено недостасуваат студенти по предметите математика, физика, биологија и хемија, министерката рече:

-Во одредени региони има недостаток на кадар. Една од причините е дека се смета дека тоа се тешки факултети, но има и други тешки, па студентите ги избираат. Многу пати сум кажала- какво е општеството такво е обрзованието. Во еден период во изминатите години се изгуби значењето и достоинството на наставникот поради многу причини. Овие години правиме се за да го сфатат младите значењето на наставникот, кој е од исклучителна важност. Јас се надевам дека во тоа успеваме, рече министерката.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ