▶️Слушнете го оригиналното аудио издание на вестите:
Македонија се соочува со економска стагнација,
а со сегашното темпо на раст ке ни бидат потребни 75 години
за да го достигнеме просекот на Европската Унија.
Истакна од опозицијската СДСМ, повикувајки се на најновиот извеќтај на Светска банка.
Извеќтајот констатира дека растот на економијата,
ако продолжиме на истиот начин без структурни реформи,
ке биде 2,4% и дека со таков раст до 2050 година,
до средината на векот, ке стасаме едвај до 55%
од просекот на развој на Европската Унија.
Или со други зборови, со таков раст ке ни требаат 75 години,
ниту една цела генерација нема да може да ја заврши работата,
да го стасаме, пазете, просекот на Европска Унија.
Во судницата во Идризово денеска продолжува судењето за катастрофалниот пожар во Кочанската дискотека Пулс.
Процесот е во фаза на изведување докази од одбраната, која има предложено 244 сведоци.
Во трагедијата, животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени.
Пролетта 2027 ги биде клучна за македонскиот транспорт.
Министерот за транспорт Александар Николовски најави дека во април започнува модернизацијата на коридорот 10,
а во мај изградбата на последната делница од пругата кон Бугарија.
Проектот вклучува брзи возови и целосна електрификација на мрежата.
За повеќе информации и најнови вести, слушајте го Канал 77 радио во живо – КЛИКНЕТЕ ТУКА
Напомена: Веста е подготвена и продуцирана од новинарите на Канал 77, а текстуалната верзија е автоматски генерирана од радио-емитувањето со помош на технологија за препознавање говор и вештачка интелигенција. Поради автоматската транскрипција, можни се печатни, јазични или транскрипциски грешки.





