Канал 77 – Вести од Македонија и светот | 14:00

▶️Слушнете го оригиналното аудио издание на вестите:

Алармантна е состоебата со овчата Сипаница во источниот дел од земјава.
Од Асоциацијата на одгледувачи на овци, велат дека заразени угинати овци биле оставени во отворени јами кај соколарци,
поради што кучинја и диви животни ги разнесувале остатоците.
Сточарите бараат итна реакција од институциите обезбедување вакцини,
бидејќи, како што велат, десетици семејства останале без екзистенција.


Во малата сала на Обштина Кочани денеска се одржа прием за младиот информатичар Владимир Грчев,
средношколец и роден кочанчанец, кој од Олимпијадата по информатика во Узбекистан се врати со бронзен медал.
Градоначалникот на Кочани, Владко Грозданов, му го честиташе успехот и му посака уште многу успеси на идните надпревари.


На 22. август во Центарот за култура Бели Мугри во Кочани
ке се одражи првата македонска проекција на најновиот документарен филм
на режисерот Милчо Манчевски, Добри луѓе,
филмот сведочи за Кочани по трагичниот пожар во дискотеката Пулс.
Од Кочани, Драган Николов.


За повеќе информации и најнови вести, слушајте го Канал 77 радио во живо – КЛИКНЕТЕ ТУКА
 
Напомена: Веста е подготвена и продуцирана од новинарите на Канал 77, а текстуалната верзија е автоматски генерирана од радио-емитувањето со помош на технологија за препознавање говор и вештачка интелигенција. Поради автоматската транскрипција, можни се печатни, јазични или транскрипциски грешки.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ