Патниците на авионот на Ер Србија од Сплит до Белград морале да го напуштат авионот поради сомневање за бомба, откако полицијата привела еден патник. Сите патници во авионот за Белград биле евакуирани од авионот, кој требало да полета попладнево во 15.30 часот, дознава дневник.хр.
Целата драма за порталот ја раскажал еден од патниците во авионот, Винко Паиќ.
„Стоевме на пистата, а потоа одеднаш неколку полицајци влегоа во авионот, некои во униформа, а некои во цивилна облека. Низ прозорецот видов полициско возило до авионот. Извадија еден господин со седа коса кој седеше во 3-ти или 4-ти ред“, раскажл Паиќ.
Никој во авионот не знаел што се случува, и тој побарал објаснување од стјуардесата.
„Тој го спомна зборот бомба“, кратко му објаснила стјуардесата.




