Кочанската болница 15 месеци по трагедијата: Подобрени услови и нови планови за развој

Речиси 15 месеци по трагедијата во Кочани, во Општата болница се реализирани повеќе активности насочени кон подобрување на условите за работа и унапредување на здравствените услуги. Ова во интервју го истакна директорката на установата, Катерина Паниќ Мирчовска. Таа посочи дека во изминатиот период болницата добила значителна поддршка преку донации, реализирана е реконструкција на Одделот за физикална медицина и рехабилитација, а во меѓувреме се вратиле и повеќе лекари од специјализација. Според Паниќ Мирчовска, Одделот за физикална медицина и рехабилитација веќе е ставен во функција и ги опслужува пациентите, при што приоритет имаат лицата со скршеници и други повреди. Иако одделот работи, официјално отворање сè уште не е организирано. Во однос на повредените од трагедијата, таа оцени дека нивната здравствена состојба е значително подобрена и додаде дека болницата е во редовна комуникација со нив. Директорката информираше и дека Итната медицинска помош располага со шест возила и доволен број медицински персонал за извршување на секојдневните активности и интервенции. Најавени се и нови инвестиции и набавка на медицинска опрема во наредниот период, со цел понатамошно подобрување на условите во болницата. Осврнувајќи се на настаните од март минатата година, Паниќ Мирчовска истакна дека најважно е ваква трагедија никогаш повеќе да не се повтори.

https://www.facebook.com/reel/968963369335608

Овој продукт е изработен со финансиска поддршка од Европската Унија во рамките на проектот SMS Facility – Поддршка за малите медиуми од Западен Балкан, локално имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Содржината е единствена одговорност на медиумот и авторот и не ги одразува нужно ставовите, мислењата или вредностите на Европската Унија, Фондацијата Метаморфозис или проектот SMS Facility

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ