Живееме во време кога на микро и на малите бизниси и треба поддршка.
Канал 77 покажува солидарност кон сите мали и микро компании кои се борат да го одржат својот бизнис рентабилен во овие денешни услови со нашиот нов проект ‘’Мал бизнис на неделата’’.
Секоја недела бараме мал или микро бизнис кој го промовираме пред цела Македонија.
Доколку сакаш да го промовираш својот бизнис потребно е да ни оставиш основни информации за твојот бизнис, преку пополнување на контакт фирмата и која е специјалната понуда која ја нудите за слушателите на Канал 77.
Доколку го избереме твојот бизнис за мал бизнис на неделата истиот ќе биде промовиран во етер со специјална комерцијална презентација и една неделна реклама која ние ќе ја направиме за твојот бизнис и сето тоа бесплатно.