(Видео) Кос со порака до земјите кандидати за ЕУ, Македонија не ја ни спомена

Еврокомесарот за проширување, Марта Кос, денес во Црна Гора рече дека земјите кандидати за членство во ЕУ имаат одлучувачки недели и месеци пред нив. Таа го кажа ова во пресрет на почетокот на самитот на Берлинскиот процес и нагласи дека е важно да бидат присутни лидерите од Западен Балкан, како и сите учесници во процесот каде што се дискутираат важни теми.
„Секогаш ми е мило кога го гледам напредокот на земја која е решена да стане членка на Европската Унија. Имаме недели и месеци пред нас кои ќе бидат одлучувачки. За Црна Гора, одлучувачкиот момент ќе биде преминувањето на целната линија во процесот на пристапување. За Србија, тоа се изборите што ќе се одржат следната недела. Важно е Албанија да го одржи темпото на европскиот пат, а за Приштина е одлучувачко да избере да продолжи по патот на почитување на меѓународното право и владеењето на правото“, рече Кос.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ