Коските на Цар Самуил треба да бидат погребани во Мала Преспа, не во Бугарија – смета Горан Благоев, историчар од Софија

Бугарскиот новинар и историчар Горан Благоев во емисијата „Стадион“ на Канал 77 рече дека на свеченоста на враќањето на дел од коските на Цар Самоил во Софија, требаше да бидат поканети македонски челници, како поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан и претседателката Гордана Сиљановска – Давкова.
Коските на Цар Самоил треба да бидат погребани во Мала Преспа, не во Бугарија, смета Горан Благоев, историчар од Софија
  • Донесување на дел од моштите на Свети Климент во Софија не е трајно, како што беше пренесено и во македонската јавност
  • Благоев смета дека ова е дел од поширока ПР кампања на бугарската влада
  • Интелектуалците собираат потписи со кои бараат поголема транспарентност до бугарската влада за враќањето на артефактите на Грција

Бугарскиот новинар и историчар Горан Благоев во емисијата „Стадион“ на Канал 77 рече дека на свеченоста на враќањето на дел од коските на Цар Самуил во Софија, требаше да бидат поканети македонски челници, како поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан и претседателката Гордана Сиљановска – Давкова. Меѓутоа, според Благоев, местото на почивањето на коските на Цар Самуил не е Софија, туку Мала Преспа.

-Таму владеел Цар Самоил, до Мала Преспа достигнувала Самуилова Бугарија или државата на Цар Самоил, таму е погребан, таква му била е желбата. Во соседното село Герман е спомен плочата која ја поставил Самуил во сеќавање на својот татко Никола, за мајка му Рипсинија и најстариот брат Давид, рече Благоев.

Слушајте радио во живо

Во емисијата Благоев ги сподели реакциите на бугарската интелектуална јавност, која реагира на тоа што отстапените бугарски артефакти на Грција не се отпишани од Археолошкиот музеј на Бугарија и многу интелектуалци сега се прашуваат што уште ќе побараат Грците да им се даде. Во моментов се собираат потписи од професори и интелектуалци, со кои се бара од бугарската влада да одговори по кои списоци се вратени артехактите, бидејќи, како што рече Благоев, бугарската влада е нетранспарентна во однос на артехактите.

Прочитајте уште на темата:

По Самуил, Грција ѝ ја испрати чесната глава на Свети Климент Охридски на Бугарија

Благоев смета дека потезите на Радев се дел од поширок ПР кампања, каде влегува и донесувањето на черепот на Свети Климент во Бугарија. Тоа донесување на дел од моштите не е трајно, како што беше пренесено и во македонската јавност.

-Черепот на Свети Климент го донесоа на поклонение. Не знам кој ве дезинформиран, но тоа е приврмемено, за неколку дена како што е со другите мошти што се разнесуваат, но тој е вратен во манастирот кај Бер, Верија (Грција). Сето ова може е дел од голема кампања не само за претседателските избори, туку и обид на Румен Радев да си го крене имиџот, затоа што политиката што ја води Бугарија е непријатна и во погрешна насока. Има потреба од кризен ПР и мислам дека беше обид да направи нешто со коските на Цар Самоил. Затоа што меѓу критичките бугарски историчари и интелектуалци нема да најдете човек кој ќе одрече дека Цар Самоил е бугарски цар – нема разногласие во тоа, но учените луѓе бараат силни докази дека се тоа коски на Цар Самоил. Јас сум убеден дека ако Грција, по некој случај сакаше да ги даде коските на Цар Самуил на Македонија, исто ќе имаше такво сомнение, вели Горан Благоев.

Прочитајте и за ова:

Грција ќе ѝ ги предаде посмртните останки на цар Самуил на Бугарија за да бидат погребани во Софија

Во октомври 2026 година, Грција ѝ ги предаде на Бугарија посмртните останки кои се сметаат за коски на Цар Самуил (чувани на Универзитетот во Солун откако беа пронајдени во Охрид за време на Втората светска војна).

Според договорот меѓу двете земји, предавањето се случи на 3 октомври во Солун, а за возврат Бугарија на Грција ѝ врати четири вредни црковни реликвии (ракописи и ракописни евангелија од грчки манастири однесени за време на бугарската окупација во Првата светска војна).

Погледнете ја целата емисија на линкот:

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ