Стружанец откако беше уапсен денес зарабти и кривична за инцидентот во Ташмаруништа на Илинден.
-ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.Г.(52) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство” по чл.386 став.5 од Кривичниот законик. Тој, на 02.08.2026 во 14:15 часот, во струшкото село Ташмаруништа бил лишен од слобода, по претходна пријава дека упатувал вербални навреди кон јавни лица, присутни на настан за одбележување на 2 август, информираат од МВР.





