Во Парламентот на Србија е закажана конститутивна седница на новото свикување, каде што се потврдуваат мандатите на пратениците и се избира новото раководство.
Меѓу првите што пристигнала била една од членовите на листата „Александар Вучиќ – Единствена Србија“, актерката Лидија Вукиќевиќ, кога се случил инцидентот. Актерката била гаѓана со јогурт, по што влегла во Собранието.
Засега не е познато како се случил инцидентот, ниту кој го сторил тоа, а актерката видливо револтирана избегала од местото на настанот, пренесува мондо.рс.






