Со кампањата „Кујна од срце“, Vellea Home сака да поддржи фондации и организации со општествено значајна дејност, донирајќи кујнски мебел таму каде што е најпотребен.
Веруваме дека со една кујна можеме да придонесеме за подобри услови за секојдневна грижа за деца во ризик, лица со попреченост, постари лица и лица во социјално ранлива положба.
Затоа, од 14 септември 2026 година, го отвораме повикот за пријавување за „Кујна од срце“.
Кој може да аплицира?
Во кампањата можат да учествуваат регистрирани фондации, здруженија со непрофитна дејност, како и социјални институции и организации со седиште и дејност на територијата на Република Северна Македонија.
Што опфаќа донацијата?
Избраните организации ќе добијат кујна со мијалник и чешма, а Vellea Home ќе ги обезбеди и транспортот, испораката и монтажата.
Донацијата не вклучува електрични апарати, водоводни и електрични инсталации, ниту градежни и поправни работи надвор од монтажата на кујната.
Како да аплицирате?
Испратете ја вашата апликација на [email protected], која треба да содржи:
- информации за организацијата и нејзината дејност;
- информации за местото каде што ќе се користи кујната;
- кратка мотивација за аплицирање;
- фотографии од постојната кујна;
- актуелни контакт-податоци.
Со испраќањето на апликацијата, учесниците треба да се запознаат со целосните Општи услови на кампањата „Кујна од срце“, достапни ТУКА.
Важни датуми
14 септември 2026 – почеток на пријавувањето
12 октомври 2026 – краен рок за пријавување
13–15 октомври 2026 – разгледување и селекција на апликациите
19 октомври 2026 – објавување на избраните организации
Апликациите ќе бидат оценувани според социјалното влијание на донацијата, реалната потреба од кујна и состојбата на постојниот кујнски простор.
Знаеме дека ваквата поддршка е потребна на многу места. Затоа со „Кујна од срце“ започнуваме со мал чекор, но со голема желба да внесеме повеќе топлина таму каде што е најпотребна.
Аплицирајте до 12 октомври на [email protected].
Запознајте се со целосните Општи услови за учество и селекција ТУКА.
Кујна од срце. За повеќе топлина таму каде што е најпотребна.









